Вечерва на автопатот Куманово–Скопје кај Стајковци се случила тешка сообраќајна несреќа. Засега нема официјални информации дали има повредени или жртви, а според првичните фотографии од местото на настанот може да се забележи значителна материјална штета.
Според очевидци, во несреќата учествувало патничко возило „Мерцедес“, кое по силниот удар завршило со сериозно оштетен преден дел. Полицијата е на терен и врши увид, по што ќе бидат познати повеќе детали за причините што довеле до несреќата.



























