
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.К.(54) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена’’.
На 05.08.2025, пријавениот од негов странски телефонски број констактирал женско лице од Тетово и од неа барал 20.000 евра затоа што издржувал затворска казна во Германија наводно поради нејзина вина.























