
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против П.В. (41) од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластена трговија со добра под привремена заштита на културно наследство и природна реткост“, соопштија од МВР.
Според информациите, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени вкупно 74 стари монети.
Од МВР појаснуваат дека дел од монетите потекнуваат од 19-тиот и почетокот на 20-тиот век, и се сметаат за предмети со потенцијална историска и културна вредност.
Случајот е во понатамошна постапка, а надлежните институции работат на утврдување на потеклото на одземените предмети.























