
Скопје – Турски државјанин на 22 години, А.М.Д., синоќа беше убиен со нож во старата скопска чаршија. Инцидентот се случил во угостителски објект после 01:00 часот, кога настанала тепачка. При тоа, друго лице од Турција, 23-годишниот Ч.Е., бил повреден со нож и пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека сите лица вклучени во инцидентот биле странски државјани. Тој додаде дека едно лице загинало, а друго има тешки телесни повреди, и дека едно од осомничените лица е во бегство.



























