УТРО.мк

Уапсено лице поради нарушување на јавниот ред и мир пред полициска станица

Уапсено лице поради нарушување на јавниот ред и мир пред полициска станица
Vero

На 6 мај 2026 година, во 11:10 часот во Скопје, пред објектот на Полициската станица Аеродром, полициски службеници привеле лице од Берово поради нарушување на јавниот ред и мир.

Станува збор за Х.А. (32) од Берово, кој претходно во полициската станица побарал од полициски инспектор да му биде доставен видео запис од системот „Безбеден град“, поврзан со сообраќајна незгода во која учествувал.

Откако му било укажано дека видео материјалот не може да му биде предаден без претходно поднесено соодветно барање, Х.А. започнал да се однесува агресивно. Според информациите, тој во неколку наврати се обидел и да влезе во службените простории на полициската станица, при што снимал со мобилен телефон, и покрај укажувањето од службените лица дека тоа не е дозволено.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран