
Полицијата во Тетово приведе 16-годишно момче осомничено за кражби во верски објекти, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, осомничениот е поврзан со кражба во црква и две џамии во Тетово и околината.
„На 05.07.2026 во 13:20 часот на улица ‘Илинденска’ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово, поради сомнение за сторени кривични дела ‘кражба’ и ‘тешка кражба’ во текот на минатиот месец во црква во село Брвеница и во две џамии во Тетово“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

















