УТРО.мк

20-годишник итно пренесен во Скопје по несреќа со четирицикл – повредено уште едно лице

20-годишник итно пренесен во Скопје по несреќа со четирицикл – повредено уште едно лице
Vero

Две млади лица се повредени во сообраќајна несреќа со четирицикл што се случила во тетовско, при што едното лице е пренесено на понатамошно лекување во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 05.07.2026 година во 21:24 часот во СВР Тетово, од Клиничката болница Тетово било пријавено дека за укажување лекарска помош биле донесени две лица повредени во сообраќајна незгода.

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово извршиле увид и утврдиле дека на патот кај селото Лисец, четирицикл управуван од Ф.М. (20) од селото Пирок, со сопатник А.Х. (19), излетал од коловозот.

Во несреќата, возачот Ф.М. се здобил со тешки телесни повреди и поради сериозноста на состојбата е префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека сопатникот А.Х. се здобил со телесни повреди.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin