УТРО.мк

Уапсени осум лица во Центар – МВР со детали

Уапсени осум лица во Центар – МВР со детали
Vero

На 3 мај 2026 година во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода шест лица и тројца малолетници поради физички напад врз семејство.

Како што информираат од полицијата, станува збор за Р.М. (19), Ј.А. (18), М.Ј. (24), Е.А. (19), Н.Ј. (38) и тројца 17-годишници, сите од Скопје. Тие се приведени постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:30 часот физички ги нападнале Д.М. (22) и нејзиниот сопруг Р.Р.

Во моментот на нападот, оштетените биле заедно со нивните две малолетни деца.

Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран