
На 03.05.2026 година во 11:20 часот, на локалниот пат кон село Пирок, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Р. (46) од село Мала Речица.
Според информациите, додека полициските службеници преземале службени дејствија кон други лица, А.Р. започнал агресивно да се однесува и упатувал закани кон нив.
Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.























