УТРО.мк

Уапсен 66-годишник кај Брвеница – возел трактор без дозвола

Уапсен 66-годишник кај Брвеница – возел трактор без дозвола
Vero

На 03.05.2026 година во 09:00 часот, на локалниот пат Тетово – село Волковија, во близина на село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Р. (66) од село Јанчиште.

При контролата било утврдено дека тој управувал земјоделска машина – трактор „Фергусон“ со тетовски регистарски ознаки, без да поседува возачка дозвола.

Тракторот е одземен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран