Во координирана меѓународна полициска акција уапсени се четири лица осомничени за делување во организирана група за трговија со дрога, соопштија истражните органи. Главниот осомничен, Срѓан Шошкиќ, бил уапсен во Србија, пренесува БГНЕС.
Шошкиќ, кој важел за локален нарко-бос, поседувал транспортни компании во Словенија, Бугарија и Словачка, преку кои, според истрагата, се вршел таен транспорт на наркотични супстанци. Тој и уште едно лице биле приведени во Србија, додека третиот член на групата бил уапсен во Шпанија на 27 ноември, а четвртиот во Австрија уште на 21 март.
Истражителите утврдиле дека групата од 4 декември 2024 година до денес се занимавала со производство и меѓународна распределба на дрога. Само во Шпанија и Австрија биле запленети наркотични средства со пазарна вредност од над три милиони евра.
Според ЈТОК, Шошкиќ бил организаторот на криминалната мрежа и сопственик на транспортната компанија „Ваки транс“ во Словенија, која, како што се сомневаат истражителите, била ставена во функција на шверцот. Камионите и возачите, покрај редовната стока, тајно превезувале дрога низ Европа.
Групата е осомничена дека транспортирала околу 81,2 килограми кокаин, 110 килограми марихуана и околу 15.000 евра, како и дека користела луксузни автомобили во своето криминално работење. Истрагата продолжува.



























