УТРО.мк

Уапсен тежок злостроник во Тетовско

Уапсен тежок злостроник во Тетовско
Vero

На 23.06.2025 во 14.00 часот во с. Старо Село, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода О.М. (27) од с. Старо Село, кој бил баран по потерница за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 186 од Кривичниот законик.

Член 186 од Кривичен законик, се однесува на Полов напад и силување – Тој што спротивно на јасно изразена волја на друг, проценета во контекст на околностите на случајот, врз него ќе изврши полов однос или друго со него изедначено полово дејство, што се состои во вагинална, анална или орална пенетрација со кој било дел од телото или предмет, или ќе наведе друго лице без неговата согласност да изврши полов однос или друго полово дејство со трето лице, или да изврши полово дејство врз себе си, ќе се казни со затвор од една до осум години.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран