УТРО.мк

Уапсен 20-годишник баран со потерница: Осомничен и за нови тешки кражби во Гостивар

Уапсен 20-годишник баран со потерница: Осомничен и за нови тешки кражби во Гостивар
Vero

Полициска акција во Гостивар заврши со апсење на 20-годишник од скопската населба Шуто Оризари, кој бил баран со потерница за издржување затворска казна, а воедно се поврзува и со серија тешки кражби на подрачјето на градот.

Според информациите од полицијата, вчера околу 15 часот на улицата „Беличица“ полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле С.М., кој привремено престојувал во Гостивар. При проверката било утврдено дека по него е распишана потерница по наредба на Основниот кривичен суд Скопје, со која се барал за издржување затворска казна од една година и четири месеци поради кривично дело „тешка кражба“.

Истражните органи дополнително го сомничат и за повеќе други кражби што се случиле во изминатите денови во семејни куќи низ гостиварскиот регион. Станува збор за случаи на тешки кражби кои во последниот период предизвикале вознемиреност кај жителите.

По приведувањето, С.М. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје, каде ќе ја издржува затворската казна.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран