
Три машки лица со закана со огнено оружје одзеле пари од вработен во спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје.
Според Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 30 октомври во 23:54 часот. Одземените пари биле од дневниот промет на обложувалницата.























