
Возач и сопатник се здобиле со тешки телесни повреди откако „мерцедес“ излетал од автопатот „Пријателство“ во близина на скопското село Трубарево и завршил во двор на семејна куќа.
Според Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 31 октомври во 01:10 часот. Автомобилот со скопски регистарски ознаки го управувал Н.М. (33) од селото Батинци.
Тешко повредени се возачот и неговиот сопатник Д.Г. (39) од Скопје. Повредите им биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.























