Во утринските часови во семејна куќа во Чачак беа пронајдени телата на маж на возраст од 47 години и неговите родители, околу 75 години, пренесуваат српските медиуми.
Полицијата и екипата на брзата помош потврдиле дека станува збор за насилна смрт, а на местото на настанот бил пронајден и нож. Местото е целосно обезбедено за да не се уништат трагите и доказите.
Форензичкиот тим моментално собира докази, но засега не е јасно дали станува збор за семејна трагедија, двојно убиство со самоубиство или напад од трета страна. Сите детали ќе бидат утврдени по завршување на истрагата.



























