
Трагичен настан се случи во пехчевскиот регион, каде 58-годишен маж го загуби животот по несреќа при сеча на дрва.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 17 јули 2026 година во 18:42 часот во СВР Штип било пријавено од Итната медицинска помош – Пехчево дека околу 18:10 часот добиле повик за интервенција во близина на селото Панчарево.
Како што соопшти МВР, Ј.Ѓ. (58), кој бил на сеча на дрва заедно со својот син, се здобил со тешки повреди. И покрај брзата интервенција на медицинските екипи, тој починал на пат кон здравствената установа.
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Делчево, телото на починатиот е предадено на обдукција, а надлежните институции работат на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

















