УТРО.мк

Трагедија во Македонија: 14 годишно девојче почина по несреќа на детско игралиште

Трагедија во Македонија: 14 годишно девојче почина по несреќа на детско игралиште
Vero

Трагичен настан го потресе Гостивар, откако 14-годишно девојче го загуби животот по пад од лулашка во градски парк.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 9 јули 2026 година околу 20:20 часот во СВР Тетово, откако од Медицинскиот центар Гостивар известиле дека кај нив без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, која престојувала во Гостивар.

Според првичните информации, девојчето паднало од лулашка во паркот во Гостивар. По несреќата веднаш било пренесено во Медицинскиот центар Гостивар, но и покрај напорите на лекарите, во 20:55 часот била констатирана нејзината смрт.

За случајот е известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатото девојче е предадено на обдукција. 

Надлежните институции работат на целосно расветлување на околностите под кои се случила трагедијата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin