УТРО.мк

Николоски: Над 430 милиони денари за инфраструктурен развој на Тетово

Николоски: Над 430 милиони денари за инфраструктурен развој на Тетово
Vero

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска изврши увид во реконструираната улица „Штипска“ во Тетово, заедно со градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами.

Николоски посочи дека реконструкцијата на оваа улица е дел од проект кој се реализира во соработка со Општина Тетово и Светската банка, нагласувајќи дека инфраструктурниот развој во општината продолжува со силна динамика.

„Во Тетово инвестираме преку 430 милиони денари. Општината доживува инфраструктурен развој. Големо задоволство е кога ќе се видат завршени проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните“, истакна Николоски.

Тој информираше дека преку програмите на Министерството за транспорт и врски, во Општина Тетово се реализираат или веќе се реализирани инфраструктурни проекти во вредност од 428 милиони денари.

„Владата ќе продолжи со силната поддршка за сите општини во Македонија и со реализација на проекти кои значат подобра инфраструктура и подобри услови за граѓаните“, порача Николоски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin