УТРО.мк

Тешко повреден штипјанец пренесен во Клинички: Тврди дека бил нападнат од болничар во гевгелиска здравствена установа

Тешко повреден штипјанец пренесен во Клинички: Тврди дека бил нападнат од болничар во гевгелиска здравствена установа
Vero

35-годишен маж од Штип бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје со тешки повреди, откако претходно се лекувал во јавна здравствена установа во гевгелиско.

Случајот во полиција бил пријавен вчера околу 10 часот. Според информациите од МВР, таткото на повредениот пријавил дека на 16 септември од здравствената установа бил известен оти неговиот син паднал од кревет и при падот се повредил.

Сепак, повредениот дал поинаква верзија на настанот. Тој пријавил дека додека бил на лекување во установата бил физички нападнат од болничар.

Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои настанале повредите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран