На автопатот „Гоце Делчев“, во близина на клучката Коњари, вчера попладне се случила тешка сообраќајна несреќа во која се превртело патничко возило „Хонда“ со скопски регистарски таблички, соопшти МВР.
Несреќата се случила на 30 август околу 13:15 часот, на делницата од Свети Николе кон Скопје. Возилото го управувал 36-годишниот З.Н. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, додека со полесни повреди поминале возачот, неговата сопатничка С.Н. (36) и уште едно малолетно лице. Повредените се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје, а причините за несреќата сè уште се утврдуваат.