УТРО.мк

Тешка несреќа во Скопје: Автомобил удрил во двајца пешаци во Топанско Поле, жена итно пренесена со тешки повреди

Тешка несреќа во Скопје: Автомобил удрил во двајца пешаци во Топанско Поле, жена итно пренесена со тешки повреди
Vero

Тешка сообраќајна несреќа се случила во Скопје, откако автомобил удрил во двајца пешаци на крстосница во населбата Топанско Поле.


Според информациите од Министерство за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 9 мај 2026 година околу 12:50 часот во СВР Скопје.
Инцидентот се случил на крстосницата меѓу улиците „Македонско-косовска бригада“ и „Аугуст Цезарец“, каде патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот Д.И. од Скопје, удрило во двајца пешаци.


Во несреќата биле повредени 57-годишната Ф.С. и 27-годишниот А.Т., двајцата од Скопје.
Од полицијата информираат дека жената се здобила со тешки телесни повреди, додека кај вториот пешак биле констатирани телесни повреди.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран