
Скопје – Синоќа околу 22:30 часот на улицата Македонско-косовска бригада се случи тешка сообраќајна несреќа, кога 16-годишно момче управувајќи автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички удри во 57-годишен пешак.
Пешакот, М.И. од Скопје, се здобил со сериозни повреди и бил итно пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му е укажана соодветна лекарска помош.



























