Во петокот околу 12:50 часот, на кејот „Борис Кидрич“ во Струга, пред угостителски локал била пријавена тепачка во која учествувале двајца млади — 21-годишен стружанец и 18-годишно лице од селото Радолишта.
Инцидентот го нарушил јавниот ред и мир, а полицијата веднаш интервенирала на местото на настанот. Од МВР информираат дека случајот е евидентиран и дека по целосно документирање на сите околности ќе биде поднесена соодветна пријава против учесниците во тепачката.



























