
Лишен од слобода жител на скопско Идризово, со закани барал пари од поранешниот партнер на неговата ќерка
На 21.01.2026 во 20:00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода Т.С.(57) од с.Идризово, скопско, Според пријавеното, тој претходно се заканувал на 26-годишен маж од скопско, поранешно партнер на неговата ќерка, барајќи да му врати сума пари што наводно ги давал за кирија, за поправки на автомобил и за други трошоци додека сите тројца живееле заедно во изнајмен стан во населбата Карпош.



























