УТРО.мк

„Словенечкиот модел не поминува кај нас“: Групацијата за производство на цигари против новиот закон за пушење

„Словенечкиот модел не поминува кај нас“: Групацијата за производство на цигари против новиот закон за пушење
Vero
cigara
cigara

Групацијата за производство на цигари, дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун при Стопанската комора на Македонија, ја поздрави иницијативата на Министерството за здравство за модернизација на Законот за заштита од пушење. Сепак, тие предупредуваат дека предложениот нацрт-закон носи ризици за правна неусогласеност, удар врз индустријата, малите и средни бизниси и поттикнување на нелегалната трговија.

„Сметаме дека нацрт-законот не е прилагоден на македонската реалност. Потребни се консултации со сите засегнати страни, како и разумен транзиционен период за имплементација, за да се избегнат сериозни нормативни, финансиски и економски последици“, истакнуваат од Групацијата.

Според нив, законската рамка е предложена според словенечкиот модел, но не може едноставно да се пренесе во земјава. Разликите меѓу двете држави се значајни: суровиот тутун е стратешка земјоделска култура во Македонија, активно поддржувана од државата, а тутунската индустрија вработува стотици граѓани, придонесува значајно во извозот и во приходите на буџетот.

„Нашата земја, како кандидат за ЕУ, веќе покажува позитивен напредок во усогласеноста со европските директиви, особено преку Законот за тутун и тутунски производи. Новиот нацрт-закон, со воведување нејасни термини и изедначување на цигарите со алтернативните производи, создава нормативна забуна и назадува во веќе воспоставената регулаторна рамка“, велат од Групацијата.

Една од најголемите забелешки е токму изедначувањето на сите тутунски производи во една категорија, иако научните и светските истражувања покажуваат значителни разлики меѓу цигарите и производите без чад.

Освен правната, Групацијата предупредува и за економските последици. Тие тврдат дека забраните предвидени со новиот закон ќе ги погодат малите и средни претпријатија, угостителскиот сектор и малопродажниот синџир, при што над 4.000 малопродажни места би можеле да се најдат во ризик. Дополнително, се очекува зголемување на нелегалната трговија, со директно влијание врз државниот буџет.

„Забраните нема да ја намалат консумацијата, туку само ќе го намалат легалниот промет и приходите. Истото се покажа и во Словенија, каде забраната на вкусови и ароми не го намали бројот на пушачи, но го поттикна нелегалниот пазар“, нагласуваат од Групацијата.

Тие посочуваат дека новиот законски текст не нуди конкретни решенија за практична имплементација: локациите каде пушењето ќе биде дозволено или забрането се недоволно прецизни, што создава простор за различни толкувања од инспекциските служби и потешкотии при спроведувањето.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран