
Скопјанка на возраст од 57 години била повредена од заталкано зрно од оружје додека се наоѓала во дворот од семејниот дом.
Случајот бил пријавен синоќа во 21:45 часот во СВР Скопје од Поликлиниката Драчево, каде што жената со повреда била донесена на лекарски преглед.
Според пријавеното, околу 20:40 часот, додека Ј.С. (57) била во дворот од семејниот дом, почувствувала удар во пределот на рамото.
По извршениот медицински преглед било констатирано дека повредата настанала од заталкано зрно од оружје.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

















