УТРО.мк

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка кај Тетово

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка кај Тетово
Vero

Мотоциклист од тетовското село Фалише се здобил со тешки телесни повреди откако вчера попладне излетал од патот Тетово–Стримница.

Според информациите од СВР Тетово, сообраќајната несреќа била пријавена во 14:30 часот. А.Н. (46) управувал мотоцикл со тетовски регистарски ознаки кога, од засега непознати причини, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Тетово.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Тетово.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin