УТРО.мк

Прободен полицаец при интервенција, осомничениот е во притвор

Прободен полицаец при интервенција, осомничениот е во притвор
Vero

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истражна постапка против 40-годишен жител на Кратово, осомничен за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Според Обвинителството, инцидентот се случил на 11 септември, кога двајца полициски службеници употребиле сила и ја отвориле заклучената врата од просторијата во која се наоѓал осомничениот.

Тој потоа ги нападнал полицајците, при што со нож на едниот службеник му нанел тешки телесни повреди – прободна рана и посекотина.

Обвинителството оценило дека постои опасност осомничениот да побегне, како и можност да го повтори делото, поради што до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор.

За случајот е донесена Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin