
Вчера попладне во стан во централното подрачје на Скопје е пронајдено безживотното тело на 48-годишниот А.М. од Скопје. Случајот бил пријавен во 17:07 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје.
Полициски службеници веднаш излегле на лице место на улицата „Рајко Жинзифов“, каде што лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. При првичниот преглед не биле забележани видливи траги на насилство.



























