На територијата на државава моментално се активни шест пожари, додека три се ставени под контрола, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите кај селото Марвинци во општина Валандово, кај селото Ајватовци во општина Илинден, кај селата Црнилиште и Долгаец во општина Долнени, кај селото Живиње во општина Куманово, како и кај селата Липково и Никуштак во општина Липково.
Под контрола се пожарите на планината Кожуф, на Јасен и кај Вардариште.
Од ЦУК информираат дека до 18 часот биле регистрирани вкупно 16 пожари низ државата, од кои седум се целосно изгаснати.