
Новогодишната прослава во Шуто Оризари заврши со непријатен инцидент за едно семејство – заталкан куршум од огнено оружје го погодил нивниот дом.
На 3 јануари, Џ.Л. (32) од Скопје пријавил во СВР Скопје дека за време на празничната ноќ, неговата куќа била оштетена од огнено оружје. Прозорците и ѕидовите на домот претрпеле штета кога непознато зрно пробило низ нив.



























