
Синоќа на патарината Петровец се случил сериозен инцидент кога возач на „Мерцедес“ физички нападнал вработен на патарината, по што со возилото ја скршил рампата и избегал од местото на настанот.
Според неофицијални информации, по вербална расправија дошло до тепачка, при што вработениот бил повреден. Напаѓачот потоа со голема брзина ја пробил наплатната рампа и се дал во бегство.
Случајот е пријавен во полиција, која презема мерки за идентификување и пронаоѓање на сторителот.



























