УТРО.мк

Сакал да купи „Ауди А5“ од Германија, останал без автомобил и без 6.800 евра

Сакал да купи „Ауди А5“ од Германија, останал без автомобил и без 6.800 евра
Vero

Дваесет и шестгодишник од Тетовско пријавил во полиција дека бил измамен за 6.800 евра при обид да купи автомобил „Ауди А5“ преку германска интернет-страница за продажба на возила.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 26 октомври 2026 година, младиот човек забележал оглас за продажба на автомобил од марката „Ауди А5“. Заинтересиран за понудата, преку свој пријател кој престојува во Германија стапил во контакт со наводниот продавач, 46-годишниот Ј.Л. од Германија.

По комуникацијата, двете страни се договориле за купопродажна цена од 8.000 евра, а купувачот најпрво уплатил капар од 800 евра.

Откако добил фотографија од наводен договор за купопродажба, на 29 октомври преку банкарска сметка уплатил дополнителни 6.000 евра, верувајќи дека договорената трансакција ќе биде реализирана.

Измамата излегла на виделина кога ангажираната шлеп-служба пристигнала на посочената адреса во Германија за да го преземе автомобилот. Наместо возилото, било утврдено дека наводниот продавач не живее на таа адреса и дека доставените податоци се лажни.

Случајот бил пријавен во СВР Тетово на 10 ноември, а полицијата презема мерки за негово расчистување.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран