УТРО.мк

Наместо да ги плати казните, доставил фалсификувани уплатници – кривична за 20-годишник

Наместо да ги плати казните, доставил фалсификувани уплатници – кривична за 20-годишник
Vero

Дваесетгодишно момче од струшкото село Делогожда се соочува со кривична пријава откако, според полицијата, се обидело со фалсификувани уплатници да прикаже дека ги платило изречените прекршочни казни.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 5 август 2026 година, осомничениот во Одделението за прекршоци во Охрид доставил уплатници со кои наводно потврдувал дека ги подмирил своите обврски по издадени прекршочни налози.

Меѓутоа, при извршената контрола надлежните утврдиле дека доставените документи се фалсификувани. Според полицијата, со ваквото постапување била предизвикана штета на државниот буџет.

По документирањето на случајот, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против 20-годишникот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран