
Полицијата лиши од слобода 19-годишен скопјанец откако кај него пронашла марихуана на пешачка патека покрај Вардар во Ѓорче Петров, соопшти МВР.
Ф. С. бил запрен на 9 ноември во 18:40 часот од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје. При прегледот, полицајците ја пронашле и ја одзеле марихуаната.
Подоцна, со судска наредба, полицијата извршила претрес во неговиот дом и во други простории што ги користел. При претресот биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари.
Од МВР најавија дека против 19-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава откако случајот ќе биде целосно документиран.























