
Полициски службеници од СВР Тетово вчера извршиле претрес во дом и помошни простории кај 43-годишен жител на Тетово, при што биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Како што информира полицијата, претресот бил извршен на 14 март 2026 година околу 15:55 часот, врз основа на судска наредба, во домот на лицето И.Б. (43) од Тетово. При претресот биле пронајдени предмети кои ќе бидат предмет на понатамошна истрага.
Лицето било лишено од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Од СВР Тетово информираат дека претходно во полицијата било пријавено дека во Ургентниот центар во Тетово бил примен пациент со убодни рани нанесени со остар предмет.























