УТРО.мк

Ноќ на сеќавање во Кочани: Вечерва граѓаните ќе се соберат пред дискотеката  „Пулс“ во 02:15 часот

Ноќ на сеќавање во Кочани: Вечерва граѓаните ќе се соберат пред дискотеката  „Пулс“ во 02:15 часот
Vero

Кочани вечерва ќе одбележи една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ со тивок собир и оддавање почит на загинатите. Граѓанското здружение „16 март 2025“ најави дека граѓаните ќе се соберат во 02:15 часот пред поранешната дискотека „Пулс“, каде ќе се одржи комеморативен настан во знак на сеќавање на жртвите.


Организаторите повикуваат граѓаните да се соберат во тишина и заедно да оддадат почит за 63-те жртви од трагедијата што го потресе градот и целата држава. Во 02:32 часот, моментот кога започнала катастрофата, ќе биде одржана минута молк.


Настанот е дел од повеќедневната програма со која Кочани ја одбележува годишнината од пожарот во дискотеката, една од најголемите трагедии во поновата историја на земјата. Во пожарот, што избувна во раните утрински часови на 16 март 2025 година, животот го загубија 63 лица, а над 190 беа повредени.


Во пресрет на годишнината, пред објектот се поставени 63 симболични срца со имињата на загинатите, како потсетник на младите животи што згаснаа таа ноќ.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран