
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишиле од слобода две лица поради пронајдена дрога при претрес во дом во скопската општина Кисела Вода.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 9 јули 2026 година околу 22:20 часот биле приведени П.Ј.(38) и Д.Р.(28), двајцата од Скопје.
При претресот во домот на П.Ј., извршен со претходна судска наредба, каде бил затекнат и Д.Р., полициските службеници пронашле и одзеле бела грутчеста материја, марихуана, дигитална вага и пари.
Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

















