УТРО.мк

ДЗС: Опасна граната, тешка 45 килограми, пронајдена кај Неготино

ДЗС: Опасна граната, тешка 45 килограми, пронајдена кај Неготино
Vero

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно реализираше интервенција за безбедно отстранување неексплодирана артилериска граната од 155 милиметри, тешка околу 45 килограми, што потекнува од Првата светска војна. Oпасната граната беше пронајдена во атарот на селото Пепелиште, Општина Неготино.

Поради непристапниот терен и локација на неексплодираното убојно средство во коритото на реката Вардар, интервенцијата беше реализирана во сложени услови. Логистичка поддршка даде Територијалната противпожарна единица – ТППЕ Неготино, којашто обезбеди чамец за пристап до локацијата, а пиротехничарот на ДЗС, Ѓорѓи Стефанов, безбедно ја извлече гранатата, по што таа беше транспортирана и обезбедена до нејзиното конечно уништување на Армискиот полигон „Криволак“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin