УТРО.мк

Познат идентитетот на загинатиот 39-годишен Македонец кај Нови Сад

Познат идентитетот на загинатиот 39-годишен Македонец кај Нови Сад
Vero

Трагедија на автопатот кај Нови Сад: Загина 39-годишен Македонец, друг тешко повреден

Македонски државјанин на возраст од 39 години го загуби животот, а друг се здоби со тешки повреди во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица, во близина на излезот кон Хоргош, јави Радио-телевизија Србија (РТС).

Според информациите, патничко возило од марката „Киа“ со македонски регистарски таблички излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата починал сопатникот Н.А. (39), додека возачот А.А. (60) е тешко повреден и е пренесен во болницата во Суботица, каде што му се укажува итна медицинска помош.

На местото на несреќата излегле екипи на сообраќајната полиција и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Суботица, кој веднаш наредил истражни дејства за утврдување на причините за несреќата.

Од обвинителството соопштија дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко кривично дело против безбедноста во јавниот сообраќај.

Надлежните служби продолжуваат со увидот и собирање на докази, додека јавноста е повикана на внимателност во сообраќајот, особено на автопатските правци со зголемен интензитет на движење во летниот период.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран