
Неколку патнички возила беа зафатени од пожар во текот на денот пред Бугарската амбасада во Скопје.
Според првичните информации, во инцидентот нема повредени лица, а надлежните служби интервенирале на местото на настанот.
Засега не е познато дали опожарените возила се во сопственост на Амбасадата или станува збор за приватни автомобили. Причините за избувнувањето на пожарот, како и висината на материјалната штета, дополнително ќе се утврдуваат со истрагата.
Во изминатиот период, дел од граѓаните преку социјалните мрежи реагираа дека возила паркирани во близина на Бугарската амбасада го узурпираат тротоарот и го отежнуваат движењето на пешаците.
Од надлежните институции се очекуваат повеќе информации за околностите под кои настанал пожарот.

















