На 11.12.2025 година, околу 14:45 часот, во СВР Скопје е пријавена тешка сообраќајна несреќа на кружниот тек што ги поврзува улиците „Борис Сарафов“, „Лука Геров“, „Македонски војски“ и булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје.
Непознат возач со патничко возило марка „мерцедес“ удрил во пешакот Х.М. (34). По несреќата, возачот не застанал да пружи помош, туку со возилото го напуштил местото на настанот.
Повредениот пешак се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Од страна на увидна екипа на СВР Скопје е извршен увид на местото на настанот и во моментов се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителот.



























