Во доцните часови синоќа, МВР спроведе координирана акција во Скопје, при што беа извршени претреси на повеќе сомнителни локации. При акцијата биле запленети поголеми количини парични средства и опрема за коцкање, меѓу кои маси за покер, чипови и играчки карти.
Полициските тимови откриле и прашкаста и растителна материја, за која постои основано сомнение дека се работи за наркотична дрога.
Приведена е поголема група лица, а по целосно документирање на случајот, осомничените ќе бидат изведени пред надлежното јавно обвинителство.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека дополнителни информации ќе бидат објавени по завршување на истрагата.



























