На 18 октомври 2025 година, полициски службеници од СВР Скопје на различни локации во градот лишија од слобода Н.К.(28), Б.А.(30), А.Ф.(39), 15-годишник од Скопје, Х.К.(37) и К.Л.(19), двајцата од Република Албанија.
При контрола кај приведените лица биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.