УТРО.мк

Полициска акција на повеќе локации во Скопје: Приведени седум лица поради сомнение за дрога

Полициска акција на повеќе локации во Скопје: Приведени седум лица поради сомнение за дрога
Vero

Седум лица, меѓу кои и еден малолетник, биле приведени во Скопје откако полицијата кај нив пронашла и одзела материи за кои постои сомнение дека се дрога, како и дробилка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во текот на 17 и 18 ноември 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје на различни локации во главниот град ги лишиле од слобода В.Х. (18), Р.К. (27), Б.Л. (37), Б.Л. (38), К.И. (44), М.Н. (20) и 17-годишен малолетник, сите од Скопје.

При полициските контроли биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, друга прашкаста материја, марихуана и дробилка.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран