На 04.12.2025 во периодот од 11:30 часот до 15:00 часот, полициски службеници од Полициската станица Тетово, Отсекот за криминалистичка полиција, Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово спроведоа активности за подобрување на јавната безбедност на подрачјето на СВР Тетово, за контрола на возачи и возила кои вршат јавен превоз на ученици и пронаоѓање на предмети и недозволени средства кои потекнуваат или се наменети за вршење на кривични дела. Притоа, во 12:50 часот на улица „Илинденска“ е сопрено патничко возило „фолксваген транспортер“ со тетовски регистарски таблички, управувано од Д.С.(47) од с.Бродец тетовско, и констатирано е дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган. Додека, во 13:10 часот на ул.„Илинденска“, при преглед кај А.С.(30) од с.Нераште, тетовско, биле пронајдени и одземени дрвен предмет и нож. По документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.



























