На 05.12.2025 во 00:10 часот во с.Волковија, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Г.С.(25) од с.Волковија. Кај него е пронајдено патничкото возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички, сопственост на И.Ј.(49) од с.Брвеница, тетовско, за кое претходно беше пријавено дека било одземено. Возилото ќе биде вратено на сопственикот, а Г.С. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.



























