УТРО.мк

ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Сериозни закани кон полицијата за време на протестите во Битола

ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Сериозни закани кон полицијата за време на протестите во Битола
Vero

Независниот синдикат на полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против две лица поради сериозни закани упатени кон полициски службеници за време на протестите одржани на 3 февруари во Битола.

Според пријавата, осомничените преку изјави во медиуми и на социјалните мрежи упатиле директни закани по животот и безбедноста на полицајците, најавувајќи насилство доколку органите на редот се обидат да ги спроведат законските овластувања и да им ги одземат возилата.

Едно од лицата, Ф.М., јавно изјавил дека со децении управува возило без возачка дозвола и се заканил со физичка пресметка и ликвидација доколку му биде одземено возилото. Вториот пријавен, Р.М., упатил вулгарни и експлицитни закани кон полицијата, најавувајќи насилни дејствија.

Од НСП бараат итна реакција од Обвинителството, лицата да бидат повикани како осомничени и да се предложи мерка притвор, со цел да се спречи повторување на делото или реализација на најавените закани.

Како доказ кон пријавата се доставени извадоци од видео материјали со јавните изјави на осомничените. Синдикатот нагласува дека очекува еднаков третман и постапување како во случаите кога предмет на гонење се полициски службеници.

Во пријавата се наведува дека станува збор за кривично дело „Загрозување на сигурноста“ извршено кон службени лица во вршење на службата и кон повеќе лица, согласно член 144 став 3 од Кривичниот законик.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран