УТРО.мк

Во големата полициска акција – запленети околу 27 тони марихуана?

Во големата полициска акција – запленети околу 27 тони марихуана?
Vero

Во големата полициска акција за заплена на марихуана која што се спроведуваше синоќа во Скопје и во струмичкиот регион, според неофицијални информации, одземени биле околу 27 тони дрога.

Ова веројатно е најголемата заплена во историјата на државата.

Според првичните податоци кои беа споделени во дел од медиумите, околу 10 тони марихуана биле складирани во кругот на фирма во Скопје.

Акцијата ја спроведуваше Министерството за внатрешни работи по насоки на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а станува збор за повеќемесечна истрага насочена кон организирана криминална мрежа поврзана со нелегално производство и трговија со марихуана.

Истрагата доаѓа непосредно по акцијата во Србија, каде што беа откриени пет тони марихуана во магацин во близина на Крушевац, за кои српските власти тврдат дека потекнуваат од Македонија. 

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран